Нега и здравје

Рутинска операција заврши како кошмар – лекарите ѝ извадиле погрешен орган, сега ѝ е потребна доживотна нега

По будењето, наместо закрепнување, Венди се соочила со најтежок облик на хронична бубрежна болест и зависност од дијализа – процес кој го заменува природното чистење на крвта.

Advertisement

Замислете да легнете на оперативна маса со надеж дека ќе ви го олеснат животот, а да се разбудите со дијагноза што засекогаш го менува вашиот свет. Токму така започна ноќната мора на 84-годишната Венди Рапапорт од Минесота, чие тело сега секојдневно се бори да преживее последици од туѓа грешка.

Грешка во сала: Наместо слезина, ѝ го извадиле бубрегот

Венди била примена во болницата „Абoт Нортвестерн“ поради инфекција на слезината. Интервенцијата била рутинска – планирана, документирана и одобрена.

Advertisement

Но, за време на операцијата, лекарите не ја отстраниле инфицираната слезина, туку нејзиниот сосема здрав лев бубрег.

По будењето, наместо закрепнување, Венди се соочила со најтежок облик на хронична бубрежна болест и зависност од дијализа – процес кој го заменува природното чистење на крвта.

Живот врзан за дијализа

Три пати неделно по четири часа, Венди е поврзана на апарат за дијализа. Нејзиното тело повеќе не може самостојно да ги отстранува токсините, да го регулира крвниот притисок или имунитетот – функции што претходно ги извршувале нејзините бубрези.

Advertisement

Според медицинската документација, функцијата на нејзините бубрези била нормална само три дена пред операцијата. По интервенцијата, единствениот останат бубрег едвај функционирал.

Нивото на креатинин – показател за бубрежната функција – пораснал од 0.88 на 3.29, што укажува на сериозно оштетување.

Шок: Грешката била откриена дури по операцијата

Најшокантно е тоа што лекарите не ја забележале грешката веднаш. Дури по контролната компјутерска томографија било откриено дека здравиот бубрег е отстранет, а инфицираната слезина сè уште е во телото.

Наместо очекувано закрепнување, Венди поминала два месеца прикована за болнички кревет, со инфекција и дијагноза: петта фаза на хронична бубрежна инсуфициенција.

Поднела тужба: „Ми го одзедоа здравјето, достоинството и независноста“

Рапапорт поднесе тужба против хирургот д-р Девон Калахан и болницата „Alina Health“, наведувајќи „тешка немарност“ и „медицинско насилство“.

Во тужбата стои дека за време на операцијата никој од тимот не потврдил дали го отстрануваат вистинскиот орган.

фото пекселс

Експерти од Универзитетот во Ајова тврдат дека лекарот „не ги почитувал основните медицински протоколи“ и дека ваквата грешка е неприфатлива.

„Место оздравување, добив доживотна казна“

Иако човек може да живее без слезина, загубата на бубрег има сериозни последици. Имунолошкиот систем е ослабен, квалитетот на животот – значително нарушен.

Венди, денес 84-годишна жена, е врзана за апарати и лишена од својата независност.

Од болницата бара 50.000 долари отштета. Нивниот одговор дека ѝ била пружена „животоспасувачка нега“ – е во контрадикција со медицинската евиденција, која јасно покажува: нејзините бубрези биле здрави пред операцијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button