Хороскоп

РОДЕНИ СЕ ДА ПЛИВААТ ВО ПАРИ: Овие знаци од Зодијакот ќе се збогатат кога-тогаш

Advertisement

Нив едноставно им е судено да имаат многу пари.

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност да препознае профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат многу пари.

Advertisement

Стрелец

Стрелецот, особено ако неговиот владетел Јупитер е во истиот знак, е идеална среќа за пари и добивки воопшто. Стрелецот дава најобемни парични вибрации во Зодијакот, а многу мултимилионери и меѓународни банкари генерално имаат, ако не Сонцето, тогаш една од важните планети добро гледана кај Стрелецот.

Advertisement

За оние Стрелци кои не стануваат премногу богати, постои огромна шанса за голема удобност во животот – која најчесто доаѓа од некоја продуктивна професија со која се занимаваат. Во секој случај, Стрелците имаат значително ниво на луксуз и сигурност во животот.

Бик

Бикот е знак на здравје и благосостојба, и соодветно на тоа, луѓето родени во овој знак имаат прилично среќа со пари. Многу Бикови всушност ја сакаат борбата за егзистенција, исто колку што се и вредни работници.

Заедно со вродената склоност кон продуктивност, Биковите речиси по правило наследуваат пари или уживаат во разни други привилегии, подароци или големи суми пари што ги добиваат во текот на животот и од роднините и од пријателите. Поконкретно, луѓето родени во знакот Бик се чини дека добиваат материјална или финансиска помош секогаш кога им е потребна. Бикот или оние кои имаат многу други планети во Бикот, речиси по правило успеваат да акумулираат големи суми пари или имот во текот на својот животен и работен век.

Оние Бикови кои се родени со поскромни животни, семејни и социјални предуслови, без големи шанси за наследство или за материјална помош од роднините, секогаш успеваат да се изборат за сигурност и голема почит кон себе и своето семејство.

Јарец

Јарецот е знак на успех, но и знак на бизнис. Во тој случај, лесно може да се види зошто луѓето родени во овој знак, без разлика дали нивното Сонце или Месечина се во Јарец, обично се многу успешни во материјалните работи во животот.

Мажот Јарец, како и жената Јарец, многу добро знаат како да создаваат пари. Тие не мора да бидат брилијантни, ниту особено креативни, ниту на кој било начин необични, но знаат да се дисциплинираат, да бидат одговорни и истрајни во своите амбиции.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button