Огласи
Нега и здравјеПрепораки

Протеински леб од наут и грашок. Нов вкус од Жито Лукс

Избалансираната рецепта нуди високо количество на природни растителни протеини и ниско количество на шеќери и масти.

advertisement
advert

Најголемиот производител на леб Жито Лукс го лансираше првиот протеински леб на пазарот кој е достапен до потрошувачите во сите поголеми и помали маркети и претставува вкусна и хранлива опција за сите кои се грижат за своето здравје.

Избалансираната рецепта нуди високо количество на природни растителни протеини и ниско количество на шеќери и масти.

Со две парчиња од овој леб внесувате 10 грама протеини добиени од наут и од грашок. Природните протеини освен што помагаат во изградбата и регенерацијата на мускулите, го регулираат апетитот и го поддржуваат одржувањето на оптимална телесна тежина, обезбедувајќи чувство на ситост подолго време.

реклама

Двојното пакување заедно со процесот на пастеризација овозможуваат овој леб да има долготрајна свежина без додадени конзерванси.

„ПРОТЕИНСКИОТ ЛЕБ е наменет за спортски ентузијасти бидејќи помага во регенерација на мускулите по спортувањето но и за сите оние со активен животен стил кои ја надополнуваат изгубената енергија преку здрава и избалансирана исхрана“.

Марpкетинг

„Веруваме дека сите поборници на здрав живот ќе се вљубат во вкусот на овој производ, ќе ја препознаат неговата вредност и ќе го вклучат во своите секојдневни оброци со кои го одржуваат здравјето и благосостојбата“, велат од Жито Лукс.

Комерцијален текст

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button