ПРИСТИГНУВА БАБА МАРТА! Температурите паѓаат од +23 на +4 степени! Ќе има дожд деновиве!

Нов Метеорлошки екстрем од денес (понеделник 10 март), па се до следниот понеделник (17 март) ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, и секако, вклучувајќи ја и нашата Македонија, пишува Славчо Попоски.
Од една страна, ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ и истата во делови од Балканот и Македонија ќе услови температури дури до околу 30 степени, а во поголем пораст ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.

Од друга страна, ќе бидеме и под влијаниена длабок циклонски систем кој ни надоаѓа од Атлантикот. Во ваква ситуација ќе дува засилен, повремено силен, а во делови од Балканот, особено на Јадранот и бурен јужен ветер (повремено со брзина дури и од над 100 км/час).
За време на овој период на многу места низ Балканот ќе наврне и огромно количество на дожд кој се очекува да услови и локални поплави. Ќе има и појава на временски непогоди.
Од вторник до четврток ќе има услови за повремен локален дожд, во делови од котлината тој може да биде пороен и проследен со грмежи. И во Скопје за време на споменатиот период ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер.
Српскиот метеоролог Иван Ристиќ предупредува дека кон средината на месецот доаѓа уште една промена на времето, која ќе започне на 12 март.
„Тогаш во регионот пристигнува студениот арктички воздух како дел од поларниот вртлог и доаѓа до отворање на „виенската врата“. Најверојатно зимата ќе ни се врати во средината на март“, вели Ристиќ.
„Според моменталните временски индекси, во средината на март има услови за пократок и посилен студен бран, што дополнително би ја намалило температурата. Освен на планините, снег не е исклучен ниту во пониските места. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а максималната ќе биде меѓу пет и десет степени. Тоа веројатно би бил последниот налет на зимата“, додава Ристиќ за српските медиуми.