Вирално

Природни начини за тоа како да се ослободите од мравките во домот

Advertisement

Иако мравките се едни од најкорисните инсекти во светот, а исто така и еден од највредните, тие обично им пречат на луѓето кога ќе започнат да влегуваат во куќи и станови. За да ги одвлечете од вашиот животен простор, користете неколку трикови.

Мравките се многу паметни, снаодливи и вредни животни и можат да носат дури 50 пати поголеми товари од сопствената тежина. Некои видови дури ги штитат растенијата во замена за храна и засолниште, но кога ќе ги видиме како влегуваат во нашата куќа, не сме многу среќни бидејќи тие можат многу брзо да се прошират со тоа.

Advertisement

Ги привлекуваат остатоци од храна, особено слатките, и можат да се провлечат насекаде низ најситните пукнатини. Постојат толку многу видови мравки во светот – некои се штетници, додека други само си ја вршат својата работа, но нз мачат нас луѓето.

За да се ослободите од мравките, неопходно е да се ослободите од целата колонија. Би било лесно со едноставно купување на производи кои содржат токсични состојки, но сепак тоа не е најбезбедната опција, особено ако имате мало дете или миленичиња.

Еве неколку природни начини за борба против мравките во вашиот дом.

Advertisement

Сода бикарбона

Измешајте сода бикарбона со шеќер во прав и посипете на места каде што сте забележале мравки или каде што евентуално би можеле да се појават.

Оцет

Белиот оцет е еден од најпознатите природни лекови за отстранување на мравки. Измешајте еднаква количина оцет и вода во шише со спреј и прскајте на површините каде што сте виделе мравки.

Сол

Измешајте неколку лажици кујнска сол со врела вода и оставете течноста да се излади. Истурете го во шише со спреј и испрскајте ги сите површини каде што се собираат мравките.

Кафе

Интензивниот мирис на мелено кафе ги одбива мравките. Посипете кафе на местата каде што се собираат мравки и голем и се шансите дека таму повторо нема да ги видите.

Лимон

Ставете го исцедениот сок од лимон на местата каде што забележавте дека мравките излегуваат. Како и кај кафето, мравките ги одбива мирисот на цитрус и дефинитивно ќе ги избегнат овие места.

Цимет

Мирисот на цимет исто така ги одбива инсектите и ова е едноставен трик за да ги спречите мравките да влезат во вашиот дом. Посипете цимет на саканите места или направете ред на местото каде што мравките влегуваат во вашиот дом. Овој трик можете да го искористите и за да ја заштитите облеката од молци со тоа што ќе ставите стапче цимет во торбата и ќе го закачите во плакарот. Исто така, ова важи и за повеќето други зачини што ги имате во кујнските ормани, како куркума и пиперка.

Детергент

Во вода што врие додадете неколку капки кујнски детергент и испрскајте ги местата каде што сте виделе мравки.

Креда

Калциум карбонат ги одбива мравките. Нацртајте линија со креда и мравките нема да сакаат да ја преминат!

По примена на некои од овие совети, не ги мијте третираните области најмалку два дена и повторете ја постапката еднаш или повеќе доколку е потребно. Со среќа!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button