Управата за јавни приходи (УЈП) пред два дена извршила контрола на забавата во дискотека во Штип, организирана од јутјуберот Стефан Лазаров и осудениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, и утврдила дека тие без дозвола организираат наградна игра.
Контролата на УЈП ја потврди Лазаров, кој кажа дека поради тоа ги откажува наредните планирани настани и наградите ќе ги доделува од неговото студио.
„Поради новонастанатата ситуација вчера и вчерашната контрола од УЈП, во која инспекторите констатираа дека е наградна игра, наредните планирани настани ги откажувам, но ‘giveawayot’ продолжува и извлекувањата ќе се одвиваат од моето студио ‘Лазаров Поткаст’“, објави Лазаров на социјалните мрежи.
Шоуменот Бојан Јовановски (Боки 13), објави дека се повлекува од големиот проект со јутјуберот Стефан Лазаров, односно наградната игра во која доделуваат бројни и вредни награди на социјалните мрежи, а при тоа образложи дека го напушта проектот поради здравствени проблеми.
„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот проект ‘Giveaway’, кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров.
Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот.
Денеска преку Инстаграм стори повторно се огласи Лазаров.
Рече дека се чувствува одлично, дека им се заблагодарува на сите за поддршката и порача „Неможе нам нико ништа, јачи смо од судбине!“
Видеото можете да го погледнете ТУКА