Притворениот Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин, во притвор имал телефон.
Фотографијата од него, беше споделена на социјалните мрежи. Јавноста реагираше бурно, а меѓу другите се огласи и сестрата на Фросина.
„Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР – Сектор за Внатрешна Контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?“, напиша таа на Фејсбук.
Да потсетиме порталот „Буревесник“ попладнево објави фотографии од притворското одделение каде на Васил Јованов му бил даден мобилен телефон што не му следува бидејќи е осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова – јавноста е повторно на нозе.
Мобилниот телефон на Васил Јованов, осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, му е одземен, извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот е преместен во самица. Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.
Ова за „Слободен печат“ го изјавил директорот на Управата за извршување санкции – Александар Пандов.