Пред малку се огласи премиерот Мицкоски и соопшти убави вести за пензионерите

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5 најави значително линеарно зголемување на пензиите во следните шест месеци, како одговор на барањата од пензионерите.
-Правиме анализа линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега, на есен, во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април, практично за март, 2.000 да има линеарно зголемување за сите пензионери во рамките на следните шест месеци.
Сериозно сме во таа анализа и многу скоро од денеска, бидејќи тоа мора да се случи пред распишување на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници, ќе го поднесеме – изјави Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
Како што рече, тоа е барање на пензионерите кои на сите средби што ги имал со нив сакаат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите.
-Многу сме блиску до носење на таква одлука. Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колкаво би било зголемувањето, колкав би бил волуменот на парична маса да го поделиме со бројот на пензионери – додаде премиерот.