Бизнис

Познато кога ќе се отвори првиот маркет на ЛИДЛ во Македонија

Advertisement

„Лидл“ е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна и е дел од групата SCHWARZ чие седиште е во Некарсулм, Германија.

Нивната успешна приказна започнува во 1973 година кога се отворила првата продавница во градот Лудвигсхафен под името Lidl & Schwarz KG. Оваа продавница, со само неколку вработени и 500 производи, станува основа на идната стратегија и проширување.

Advertisement
пекселс

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: Клиентите заслужуваат најквалитетни производи по цени што секој може да си ги дозволи.

Повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менува и подобрува заедниците низ 32 земји, каде што Лидл порасна и работи со околу 11.550 продавници и вработува повеќе од 341.000 луѓе.

Големиот германски трговски синџир „Лидл“, чие влегување на македонскиот пазар се најавува подолго време, ја купи локацијата на продажниот центар „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“.

Advertisement

Таму се очекува да биде отворен првиот маркет на „Лидл“ во земјава. Нашите граѓани со години пазаруваат во маркетите на „Лидл“ во соседните земји.

„Лидл“ регистира компанија во Македонија пред две години, а тогаш од трговскиот ланец најавуваа дека таа ќе биде управувана од бугарската филијала.

Иградбата на овој модерен логистички центар ќе служи како центар за снабдување на синџирот ЛИДЛ маркети во нашата држава, вбројувајќи се во големото семејство на ЛИДЛ маркетите.

Како датум на отворање на првите продавници во Македонија неофицијално се споменува 2026 година.

принтскрин

Покрај Кавадарци, Битола, Штип и Гази Баба (Скопје), ЛИДЛ официјално купил парцели во Тетово и Кичево. Маркетот во Велес е седми од најавените маркети на ЛИДЛ во Македонија.

Како што пренесуваат локалните медиуми, „Лидл“ планира да отвори три супермаркети во Куманово.

Компанијата побарала изработка на нов детален урбанистички план и поднела нацрт плански проекти за три супермаркети, пренесува „Куманово њуз“. Еден од супермаркетите ќе се наоѓа во близина на новата автобуската станица во Куманово.

Во јануари годинава „Лидл“ започна со изградба на логистички центар во вредност од 80 милиони евра во близина на Куманово. Центарот ќе се протега на површина од 63.000 квадратни метри и ќе таму ќе се создадат над 150 нови работни места.

Освен во Македонија, Лидл во следните неколку години се очекува да ги отвори своите први продавници и во Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button