Новости

Позната е и состојбата на гитаристот Горан Тонев од групата ДНК

Advertisement

На 16-ти март во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на концертот на групата ДНК и нивниот бенд избувна пожар.

Помеѓу загинатите се и дел од бендот, вокалот Андреј Ѓоргиевски, тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, гитаристот Александар Коларов, клавијатуристот Филип Стевановски, придружниот вокал Сара Пројковска, битбоксерот Мартин Атанасовски и тонецот на бендот Игор Велков.

Advertisement

Владимир Блажев Панчо, пратечкиот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев се единствените од составот на ДНК кои го преживеаја пожарот во дискотеката во Кочани.

Горан Тонев има сериозни повреди, но е во стабилна состојба и се наоѓа во една од болниците во Солун.

инстаграм

Како што понатаму се наведува, Горан пред два дена бил повторно опериран, а според последните изјави на лекарот неговата здравствена состојба се подобрува.

Advertisement

Инаку, Тонев е гитарски музичар кој дипломирал на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кого јавноста го памети по настапите во 2020 година како дебитант на „Макфест“ во родниот Штип со песната „Моја и твој“.

Инаку, тој стана познат во поширокиот дел од регионот по учеството на Звездите на Гранд во 2021 година, каде беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button