Вести

Познат актер се онесвести на плажа и почина!

Advertisement

Итните служби брзо пристигнаа на местото на настанот, но и покрај тоа што се обидуваа да го реанимираат повеќе од еден час, не успеаја да го спасат.

Актерот Алон Абутбул почина на 60-годишна возраст на плажата ХаБоним во Тел Авив.

Advertisement

Нагло му се слоши откако излезе од морето, а според очевидци, рекол дека не се чувствува добро, по што се струполи, објавува „Мирор“.

Причината за смртта засега е непозната, а актерот зад себе ги остави сопругата и четирите деца.

принтскрин

Аботбул важеше за еден од најплодните актери на израелската сцена, а зад себе остави богата кариера со над 100 филмски и телевизиски наслови. Роден на 28 мај 1965 година во Киријат Ата, првпат се прослави со улогата во израелскиот воен филм „Два прста од Сидон“ (Two Fingers from Sidon), прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1986 година. Само две години подоцна се појави и во „Рамбо 3“ (Rambo III), а потоа следеа бројни ангажмани во Холивуд.

Advertisement

Во 2008 година, режисерот Ридли Скот го ангажираше во шпионскиот трилер „Тело од лаги“ (Body of Lies), каде што глумеше покрај Леонардо Дикаприо и Расел Кроу. Во 2012 година се појави во улогата на руски нуклеарен физичар д-р Павел во финалето на трилогијата за Бетмен на Кристофер Нолан – „Подемот на мрачниот витез“. Во 2016 година толкуваше една од главните улоги во акциониот трилер „Падот на Лондон“, каде што го играше терористичкиот водач Амир Баркави.

Покрај филмот, Аботбул беше активен и на телевизиската сцена. Се појави во 25 епизоди од американската серија „Снежна бура“ (Snowfall), како и во култната серија „Твин Пикс“ (Twin Peaks) од 2017 година.

Министерот за култура и спорт на Израел, Мики Зохар, објави проштална порака во која напиша:

„Вчеравечер гледав интервју со него, каде што зборуваше за снимањето филм во кој неодамна беше вклучен, а страста кон неговата професија што зрачеше од него беше очигледна дури и по толку години во оваа област.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button