Огласи
Вести

Потресно сведошотво на преживеан од огнениот пекол во дискотеката во Кочани: Децата, кои беа малолетни, се исплашија од полицијата и отидоа во тоалет

advertisement
advert

Продолжува истрагата за причините кои довеле до инцидентот во кој животот го загубија 59 млади лица.

„Мислев дека нема да преживеам. До мене имаше една девојка, а над мене имаше 3-4 луѓе. И така бевме притиснати заедно“.

Така започнува приказната на еден од младите кои таа кобна ноќ биле во дискотеката Пулс.

реклама

По негово барање, бугарската БТВ која направила ексклузивно интервју идентитетот го чува во тајност – тој моментално е во болница со изгореници, но жив.

„Бевме до сцената, почна песната но и распрскувачот на пиротехниката. И во моментот кога почна да фрла искри, почнавме да гледаме оган одозгора. Не мислевме дека е сериозно затоа што гореше бавно. Но наеднаш настана паника. Се турнаа неколку маси и почнаа луѓе да бегаат. Пејачот Андреј им рече на сите да излезат надвор и дека ќе се вратиме за 10 минути. Сите истрчавме надвор.”, раскажува младиот човек.

Како што вели, имало само две врати, од кои едната била затворена затоа што во моментот имало полициска акција.

Марpкетинг

„Имаше само двајца или тројца полицајци. Но, тие не направија ништо. Децата, кои беа малолетни, се исплашија и отидоа во тоалет. И тие се плашеа дека ќе бидат одведени надвор. Сите беа исплашени“, вели тој.

Според него, тие не биле исплашени на почетокот, но во еден момент кога на големо пламнал пожарот сфатиле дека е вистински.

„Кога стигнав до вратата, бев блиску до неа, и не можев да излезам, од чадот не можев да видам ништо. Мислев дека нема да преживеам. До мене имаше девојка, а над мене имаше 3-4 луѓе. И така бевме стиснати”, вели тој.

Најмалку половина час не можеле да ја напуштат дискотеката.

„Кога излегов, не можев да одам бидејќи едната нога ми беше парализирана. Не можев да се вратам за ниту еден од другите луѓе. Тоа не ми беше физички возможно. Оние кои беа надвор успеаја да се вратат внатре, но јас не можев. И келнерот кој беше пријател на мојот брат веднаш ме стави во автомобил, а имаше и девојка која беше ставена на задниот дел”, вели момчето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button