Вести

ПОТРЕСНИ ЗБОРОВИ НА СОПРУГАТА НА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР: Почина во прегратките на неговото семејство (ФОТО)

Advertisement

Популарниот ТВ актер Вејн Нортроп, најпознат по улогите во хит сериите „Династија“ и „Денови на нашите животи“, почина на 77-годишна возраст по борба со Алцхајмерова болест.

Вејн Нортроп беше легендарна личност во светот на телевизијата, чии улоги ги обликуваа некои од најомилените серии од 70-тите и 80-тите години. Неговото заминување е загуба за филмската индустрија и сите оние кои пораснаа со неговите ликови.

Advertisement

Нортроп го започна своето патување во филмската индустрија кон крајот на 1970-тите, постигнувајќи значајни улоги во сериите како што се “Baretta” и “The Valtons”. Неговиот талент дојде до израз во 1981 година, кога доби улога во „Династија“, серија која стана синоним за телевизиски луксуз и драма.

– Почина во прегратките на неговото семејство. Сакаме да му се заблагодариме на најгрижливото и најневеројатното место, The Motion Picture and Television Home за толку голема грижа за него.

– Вејн допре толку многу луѓе со својата смисла за хумор и духовитост. Грижлив сопруг 43 години, најдобриот татко досега на неговите два сина Хенк и Грејди и сточар кој ги сакаше своите крави и беше пријател на многумина, рече Лин Нортроп, неговата сопруга.

Нортроп остави неизбришлив белег играјќи го детективот Роман Брејди во „Days of Our Lives“ од 1981 до 1984 година, а потоа повторно од 1991 до 1994 година.

Неговите улоги и придонес во телевизиската уметност го прават една од иконите на телевизиската индустрија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button