Реклама
Вести

ПОТРЕСНА ИСПОВЕСТ НА ВУЈКОТО НА ДАНКА: „Сите ја обвинуваат сестра ми, но никој не знае како и е“

Реклама

„Сите ја обвинуваат сестра ми, но никој не знае како и e. Можеби изгледа ладно, но јаде одвнатре“, Стефан Драгомировиќ, вујко на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), по која веќе се трага шест дена, ја започнува својата потресна исповед за „Блиц“ со овие зборови

Семејството на исчезнатата Данка Илиќ (2) ги прими новинарите на „Блиц“ во својот дом, еден час по објавувањето на видеото од девојката од Виена, која многу наликува на исчезнатата Данка.

Стефан Драгомировиќ си ја отвори душата и со солзи во очите проговори за агонијата низ која минуваат.

Маркетинг
фејсбук

Вујкото на Данка Илиќ на почетокот на својата приказна посочи дека неговата сестра, мајката на Данка Илиќ, Ивана, од исчезнувањето на девојчето поминува со часови и часови во полициска станица за да и помогне на полицијата во истрагата.

– Таа поминува часови во полициска станица, од утро до вечер, надевајќи се дека ќе се присети на некој детаљ што може да и помогне на полицијата. Никој не ја држи таму, сестра ми соработува со полицијата во истрагата и бара што побрзо да и го најдат детето – вели вујкото на Данка за Блиц.

Маркетинг

Тој исто така истакнува дека сите ја обвинуваат неговата сестра, но дека всушност никој не знае како е и што точно се случило тој ден кога девојчето исчезнало.

– Сите ја обвинуваат сестра ми, но никој не знае како е. Можеби изгледа ладно, но се јаде одвнатре. Ја нема Данка, нејзината ќерка. Замислете само како и е, а да не зборуваме дека и таа е трудна со целата таа мака и не смее да биде под стрес – вели вујкото.

Данка им верува на луѓето, ретко плаче

Како што истакнува, на сите им е многу тешко. Тие веќе шест дена минуваат низ агонија бидејќи од нивната Данка нема ни трага ни глас.

„Данка не е како другите деца“

Тој потоа се осврна на видеото кое неодамна беше објавено во јавноста на кое во Виена може да се види девојка која личи на Данка во придружба на двајца романски државјани.

– Видеото е многу матно, па не можам со сигурност да кажам дека се работи за Данка. Очекуваме некоја официјална потврда. Од одењето и косата на девојката ми се чини дека може да е таа, но ништо не е сигурно. Од каде знаат дека овие жени се од Романија, кој го снимил тоа видео? Многу работи не се совпаѓаат таму. Но, она што најмногу би сакале на светот е таа да се врати дома – објаснува вујкото.

Тој додава дека Данка не е разгалена, и дека не е како другите деца кои често ја бараат и плачат по мајка си.

-Доколку е Данка во тоа видео, ми се чини дека не е исплашена. Таа е дружељубива. Кога се дома, Данка ги има своите играчки и си игра сама. Таа не е како другите деца, кои често ја бараат својата мајка. Таа оди кај сестра ми кога и треба нешто, вода или храна – заклучува со болка во гласот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button