Реклама
Новости

ПОСЛЕДНИОТ ДОКАЗ ЗА ЉУБОВТА НА САША КОН СУЗАНА Извор близок до семејството ја откри неговата последна желба!

Реклама

Креативниот директор и основач на Гранд продукција, Саша Поповиќ почина завчера во болница во Париз, после кратка битка со тешката болест.

Тој се лекувал околу 10 месеци, а дека боледува од карцином, дознал сосема случајно.

Саша се лекувал прво во Белград, а потоа и во една од најпознатите клиники за овој вид на болест во Франција.

Маркетинг
фото: Гранд продукција

За жал, и покрај големите напори на лекарите и неговата лавовска борба, болеста победи. Инаку, неговата здравствена состојба од летово нагло се влошила и повеќе не учествувал во снимањето на емисиите.

Саша Поповиќ почина на 70-годишна возраст по битка со опасна болест, а се лекуваше во онколошкиот институт „Густав Руси“ во Вилсиф, предградие на Париз.

Маркетинг

Тоа е водечки центар за рак во Европа и е рангирана како четврта најдобра онколошка болница во светот според списанието „Newsweek“ и прва надвор од Соединетите Американски Држави.

Институтот третира пациенти со сите видови на рак во која било фаза и е екипиран од специјалисти за третман на ретки и сложени типови на тумори.

Саша починал опкружен со семејството кое цело време му беше најголема поддршка.

Нецела година Поповиќ се борел со опасната и тешка болест. Неговото лекување им било доверено и на лекарите во Париз, каде што редовно одел на терапија.

Саша за тешката болест дознал случајно откако ја скршил ногата.

Погребот на креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, ќе биде извршен в четврток на 6 март на гробиштата Бежанијска во Белград.

Како што дознава српски „Блиц“, Саша Поповиќ не сакал да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани.

– Саша не сакаше да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани. Го зедоа семејниот гроб. Сакаше еден ден и Сузана да биде покрај него, а неговото семејство ги испочитува неговите желби. Погребот ќе биде в четврток на Бежанијските гробишта – рекол извор близок до семејството.

Да потсетиме, семејството цело време беше со Саша и беше негова најголема поддршка во борбата за излекување од тешката болест. Тој кратко време боледуваше од рак, а за дијагнозата дознал сосема случајно, откако ја скршил ногата.

Поповиќ со месеци се лекуваше помеѓу Белград и Париз, а лекарите го лекуваа со најсовремени методи, пишува „Блиц“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button