Вести

Поранешен министер од владата на Зоран Заев нападнат додека пазарел

Advertisement

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во својот најнов статус на Фејсбук сподели непријатна случка со агресивен напад од непознат човек, кој според него најверојатно бил политички мотивиран.

Димитров истакна дека, иако како јавна личност е свесен за критиката, не може да толерира кога таа ескалира во агресија и закани, додавајќи дека инцидентот го пријавил во полиција.

Advertisement

Димитров предупреди на растечкото насилство и нетолеранција во македонското општество, кои, според него, произлегуваат од атмосфера на неказнивост и агресија поттикната од партиите, медиумите и ботовите.

Го изрази своето загрижување за секојдневните случаи на физичко и вербално насилство, потсетувајќи дека без одговорност и ред сите граѓани се жртви на овој проблем.

Advertisement

„Мора да сме и подобри и позрели од ова, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам“, напиша Димитров, повикувајќи на итни мерки за справување со насилството и нарушените вредности во македонското општество.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button