Реклама
Вести

Полицијата ќе казнува: Мора да го имате ова во вашето возило

Реклама

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) секоја година реализира кампања „Користи зимска опрема“.

Кампањата почнува на 15 ноември и трае до 15 март следната година, а се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење и користење зимска опрема за возилата во овој временски период и нивно советување за подготовка на возилата за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови.

Зимската опрема за лесни моторни возила подразбира зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 милиметри (6 мм за возила со погон на сите четири тркала) или летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4мм (6 мм за возила со погон на сите четири тркала) и носење синџири за снег во возилото.

Маркетинг

За тешки моторни возила подразбира зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат (лопата).

Маркетинг

Зимските пневматици имаат подлабока шара, која овозможува лесно истиснување на водата и снегот и се изготвени од материјал, кој е флексибилен и во услови на ниски температури. Обезбедуваат стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото при зимски услови на патот. Зимските пневматици странично имаат ознака: MS, M+S, M&S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици, е исклучително опасна бидејќи го нарушува управувањето со возилото, особено траекторијата на движење и запирање на возилото.

Од 15 ноември важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата.

Глоба од 45 евра и можност за исклучување од сообраќај.

Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. Истовремено полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

Минималната длабочина на шарата на гумите зависни од категоријата на возилото

За возачите на моторни возила до 3.500 килограми од 15 месецов задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, а ако имаат летни гуми со четири милиметри обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Задолжителна зимска опрема за моторни возила со погон на сите тркала (4×4), пак, се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од шест милиметри или летни пневматици со минимална длабочина од четири милиметри доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

Посебни ознаки за зимските гуми, забранети пневматици со клинци

Според Правилникот, на бочната страна на зимските пневматици ги има ознаките „МС“, „М+С“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.

Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март следната година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button