Вести

Почивај во мир Љубомир: Македонија загуби голем човек

Advertisement

Денеска, на 69-годишна возрас почина еден од најистакнатите македонски шахисти, ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ (1956-2025), информираше Шаховската федерација на Македонија.

„Со голема тага, но и со длабока благодарност, му оддаваме чест на човекот кој живееше шах, зборуваше шах и дишеше шах.

Advertisement

Неговото заминување не е само загуба за шаховската заедница, туку и за сите кои веруваа во вредностите што тој ги носеше: чесност, достоинство, правда. Кензо беше повеќе од шахист — тој беше стражар на интегритетот во една игра која знае да биде тешка и непредвидлива.

Секоја партија за него беше израз на лична етика: борба со чиста совест и со отворено срце, без калкулации, без компромиси. Тој беше симбол на отпор кон местенки, сенки и договори зад таблата. Неговата појава на турнир беше порака: “Овде се игра вистински шах.” И токму затоа беше почитуван — не само како играч, туку како личност.

Advertisement

Како човек кој стоеше исправен, дури и кога шаховската табла се тресеше под нечесни притисоци. Во сеќавањата на генерации ќе остане како господин во секој потег, шахист со грација и со јасна порака: победата има смисла само ако е чесна.

Од него учевме не само отворања и завршници, туку и како се живее спортскиот дух — со чисто срце и исправен поглед“ – се вели во текстот на ИМ Орце Данчевски, за колегата Љубомир Илиќ.

„Нека му е лесна македонската земја на овој тивок херој на таблата. Неговата фигура не ќе може да се замени — но неговото влијание ќе продолжи да се чувствува во секој фер потег, во секој ученик што ќе научи дека достоинството е посилно од секоја победа. Почивај во мир, маестро Кензо.

Таблата остана потивка по твоето заминување — но твојата светлина ќе продолжи да нè води“ – пренесуваат од Шаховската федерација на Македонија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button