Реклама
Вести

Почивај во мир Коле: Македонија загуби голем човек

Реклама

Почина сликарот Коле Манев, еден од најеминентните македонски ликовни уметници, објави неговото семејство. Имаше 83 години.

Манев е роден на 11 ноември 1941 во Бапчор, Егејска Македонија. Манев спаѓа меѓу најреномираните сликари, но тој е и филмски и телевизиски творец.

Училиште за применета уметност завршил во Скопје. По студирањето на Ликовната академија во Белград (1960) заминал на студиски престој во Париз.

Маркетинг

Потоа престојувал во Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела ги изложувал на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.

Манев е сценарист и режисер на долгометражниот документарец „Тулгеш“ (1977), краткиот документарец „Црно во црно“ (1984), телевизискиот филм „Мост“ (2006).

Маркетинг

Добитник е на голем број државни и меѓународни награди и признанија за сликарство и филм, меѓу која е и наградата во 2006 од француското Министерство за култура која му ја доделува наградата „Почесен витез на уметноста и творештвото“.

Има реализирано околу триесетина изложби и учесник е на многубројни групни изложби во Македонија, Франција и земјите од регионот.

Во 2023 го доби признанието за животно дело во стрипот „Љупчо Филипов“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button