Почивај во мир Глигор: Македонија загуби голем човек

Жална вест. Со длабока тага ја споделуваме веста за загубата на нашиот драг колега и пријател, Глигор Новачевски.
Глигор (Гиго) беше неуморен хуманитарец, посветен работник, волонтер и вистински столб на нашата организација. Неговата пожртвуваност и љубов кон мисијата на Црвениот крст беа инспирација за сите нас. Со децении активно учество, Гиго несебично им помагаше на сите – секогаш таму каде што беше најпотребен, секогаш со отворено срце и искрена желба да направи добро.
Неговата добрина не познаваше граници. Насмевката му носеше утеха, зборовите инспирираа, а неговото присуство беше синоним за спокој и сигурност. Остави длабока и трајна трага во срцата на сите кои имаа чест да го познаваат и да работат со него.
Ќе ни недостасуваш, Гиго. Празнината што ја оставаш зад себе е огромна, но спомените за твоето дело и човечноста што ја ширеше ќе светат засекогаш.
Во овие тешки моменти, упатуваме најискрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите блиски.
Нека му е вечна слава. Ти благодариме за сè.