Огласи
Вести

Почивај во мир Ели: Македонија загуби врвна докторка

advertisement
advert

Ненадејно почина примариус доктор Ели Димитровска, познат инфектолог во Битолската клиничка болница во пензија, која целиот работен век го посвети на пациентите од Битола.

После 37 години работен стаж д-р Димитровска во 2019 – 2020 беше вклучена во КОВИД центарот во Битолската болница, вложувајќи големи напори како стручен кадар да се справи со предизвиците кои ги донесе новото време.

реклама

Примариус доктор Ели Димитровска, работеше во тимовите за сузбивање на бруцелоза, тифус, паратифус, заразна жолтица, хепатит А. Лекувала млади пациенти кои не биле вакцинирани, па заболеле од голема кашлица и други болести. Доктор Ели Димитровска апелираше до младите доктори да ја прифаќаат инфектологијата велејќи дека таа носи големи предизвици, а уште поголемо е задоволството кога пациентите ќе се излекуваат.

Погребот на д-р Димитровска ќе се изврши утре на Буковските гробишта во 14 часот, претходно нејзиното тело ќе биде изложено во капелата во Св Димитрија.

Марpкетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button