Почина „Жената мачка“ Џослин Вилденштајн – од милијардерка до банкрот поради пластични операции
Потроши рекордни суми на пластична хирургија и на крајот се промени до непрепознатливост.
На првиот ден од новата 2025 година вест за смртта на њујоршката трендсетерка пристигна од Париз. Џослин Вилденштајн почина на 85-годишна возраст.
Новинарите долго време ја нарекуваа „Жена мачка“, а причината за тоа е нејзината прекумерна страст за пластични операции.
МаркетингView this post on Instagram
Маркетинг
Според „Пари меч“, Вилденштајн починала во нејзиниот дом во Париз. Причината за смртта е белодробна емболија.
Првиот сопруг на Џослин беше милијардерот, уметничкиот директор Алек Вилденштајн. Во 1999 година, парот поднесе барање за развод и овој настан беше широко покриен во печатот.
Како резултат на тоа, поранешните сопружници успеаја да преговараат за рекордна сума на исплата која ја доби Џослин. Односно, таа доби рекордни 2,5 милијарди долари отштета за разводот, и уште по 100 милиони долари годишно во следните 13 години по разводот.
View this post on Instagram
Овие пари делумно биле искористени за нејзините пластични операции. Џослин потрошила рекордна сума пари на нејзината трансформација – околу 4 милиони долари, а целта ѝ била да создаде надворешна слика за да биде што е можно повеќе слична на мачка.
По операцијата која се случила во 70-тите, очите на Џослин почнаа да изгледаат како очи на рис.
View this post on Instagram
Рисот не бил случајно избран, Џослин чувала рис како домашно милениче во тоа време. Оваа операција беше проследена со друга, итн. речиси до бесконечност.
Операциите ѝ одзеле толку многу од првичниот изглед што со текот на времето нејзините црти на лицето станале не само непрепознатливи, туку и морничави.
Жената-мачка прогласи банкрот во 2018 година, велејќи дека не ѝ останал ниту денар на нејзината банкарска сметка.