Реклама
Вести

Почина познатиот актер – Сите ќе го паметат по оваа легендарна серија

Реклама

Актерот Кристофер Бенџамин почина неколку дена по неговиот 90-ти роденден.

Кристофер Бенџамин на публиката и е познат по улогата во серијата „Доктор Ху“, а тажната вест ја потврди и неговото семејство.

„Со голема тага објавуваме дека нашиот татко Кристофер Бенџамин почина на 90-годишна возраст. Еден од ретките преостанати актери од „старата школа“, тој имаше огромна и обемна кариера која траеше седумдесет години, опфаќајќи театар, радио, ТВ и филм. „Љубовта на Кристофер кон глумата започна во училиштето Варминстер, каде што учествуваше во училишни продукции и се истакна во глумата, крикетот и музиката, како и многу повеќе“, пренесува The Mirror.

Маркетинг

Кристофер го толкуваше ликот на доктор Хенри Гордон Јаго во серијата „Doctor Who“ од 1977 година, а улогата ја повтори во 2010 година во серијата „Iago and Lightfoot“.

Маркетинг

Бенџамин го видовме и во продукциите „Пекол“, „Еднорог и оса“, „Човекот во соба 17“, „Одмаздници“, „Полдарк“, „З-автомобили“, „Кога бродот влегува“, „Дневникот на Ана Франк“, „Дик Терпин“ и други.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button