Вести

Почина познатата актерка – сите ќе ја паметат по оваа легендарна серија

Advertisement

Легендарната актерка Дениз Александар, најпозната по улогата на докторката Лесли Вебер во култната серија General Hospital, почина на 85-годишна возраст, пишува Variety.

Веста ја потврди продуцентот на серијата Френк Валентини, кој на мрежата X напиша:

Advertisement

– Многу сум тажен поради смртта на Денис Александар. Таа беше пионерка на и надвор од екранот, портретирајќи една од првите докторки на дневната телевизија. Беше чест да се работи со неа.

Александер е родена во 1939 година во Њујорк, а кариерата ја започнала на шестгодишна возраст на радио. На 13-годишна возраст настапува на Бродвеј, а во 1956 година дебитира во филмот „Злосторство на улиците“, покрај Џон Касаветес и Сал Минео.

Advertisement

Таа стекна голема популарност со улогата на Хантер Мартин во серијата Days of Our Lives, додека се уште студираше на UCLA. Но, улогата на Лесли во „Општа болница“ и донесе статус на икона на сапуниците, а во таа серија играше речиси пет децении.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button