Реклама
Вести

Почина познатата актерка – сите ќе ја паметат по оваа легендарна серија

Реклама

Алис Хирсон, позната по улогата на мајката на Елен Деџенерис во популарната серија од 1990-тите „Елен“, како и улогата на Мејвис Андерсон во серијата „Далас“, починала на 95-годишна возраст.

Според информациите доставени до The Hollywood Reporter од нејзиниот син, Дејвид Хирсон, актерката починала од природна смрт на 14 февруари во Motion Picture & Television Country House and Hospital во Вудленд Хилс, Лос Анџелес, каде ја поминала последната година од својот живот.

Маркетинг

Хирсон е родена на 10 март 1929 година во Њујорк, а својата актерска кариера ја започнала во 1960-тите, настапувајќи во неколку претстави.

Нејзината прва телевизиска улога била во „Starlight Theatre“ во 1951 година, а вистинското признание дошло дури во 1960-тите кога станала редовен телевизиски лик.

Маркетинг

На големото платно, Хирсон глумеше во филмови како „Nightwing“, „Private Benjamin“, „Revenge of the Nerds“, „The Big Picture“, „The Glass House“ и „The Lost“.

Хирсон била во брак со актерот Роџер О. Хирсон, од кого подоцна се развела, а нејзиниот втор сопруг, актерот Стивен Елиот, починал во 2005 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button