ПОЧИНА ПОЗНАТА ДЕТСКА АКТЕРКА (11) Милена се пожалила на силни болки, а потоа во болница доживеала 12 СРЦЕВИ УДАРИ

Милена Брандао, 11-годишно девојче и омилена детска актерка, почина минатиот петок во болница во Бразил, откако во два дена претрпе дури 12 срцеви удари.
На Милена и се слошило во средата, кога се пожалила на силни главоболки, по што итно била префрлена во општата болница Грањао. Лекарите првично се сомневаа дека девојчето има денга треска, но дополнителните анализи покажаа дека актерката има тумор на мозокот, но засега се чини дека тоа не е причина за смртта.
Лекарите сè уште не ми кажале што точно се случило со мојата ќерка и што ја убило“, изјавила нејзината мајка Тајс Брандао за бразилскиот портал G1.
За време на престојот во болница, Милена од среда до четврток доживеала 12 срцеви удари, велат лекарите кои ја лекувале. За жал, напорите да и се спаси животот не успеале и таа починала во петокот.
Веста за нејзината смрт ја погоди јавноста, имајќи предвид дека таа беше добро познато лице од телевизија и реклами, а многумина ја сакаа поради нејзината харизма и ведриот дух.
Семејството и пријателите се уште чекаат повеќе информации од болницата, додека се истражуваат сите причини кои би можеле да доведат до оваа трагедија.