Огласи
Новости

Почина пејачката од шоуто „Никогаш не е доцна“ – ја загуби битката со ракот!

advertisement
advert

Пејачката Јасна Бошњаковиќ која се прослави со учеството на музичкиот натпревар „Никад није касно“, почина синоќа на 48-годишна возраст.

Јасна Бошњаковиќ боледуваше од рак на крајниците, беше оперирана минатото лето, но нејзината состојба нагло се влоши.

реклама

фото фејсбук

Во Ужице почина пејачката Јасна Бошњаковиќ. Веста за ненадејната смрт на пејачката ги погоди нејзините колеги од шоуто, но и колегите кои со години работеа со Јасна.

– Драга моја, многу ми е жал. Нека е лесна вашата земја. Сега си со ангелите затоа што и самата си била. Требаше повторно да се вратиш во својата колиба… Немам зборови. Сочувство до семејството – напиша колешката на Јасна, пејачката Билјана Прокиќ.

Марpкетинг

фото инстаграм

– Едвај чекавме да се вратиш и повторно да запееш со нас. Јас сум без зборови. Само знај дека засекогаш ќе бидеш во нашите срца и сеќавања. Нека те чуваат ангелите – напиша нејзината колешка од бендот со кој соработувала со години.

Јасна се прослави со учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, за кое се пријави на 43 години, а предходно работеше на различни работни места.

Последниве години живееше од пеење и најмногу работеше во родното Ужице. Таа почна да пее доцна и сосема случајно. Додека работела во ресторан, го фатила микрофонот на сцената и оттогаш не го пуштала.

Јасна по шоуто продолжила да се занимава со музика, а и покрај лошата здравствена состојба, ниту по операцијата не се откажала од пеењето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button