По видеото со шутирањето на тортата кое шокираше многу луѓе, кумот реши да се огласи и да ја открие причината за неговиот потег!
На една свадба на Балканот неодамна беше снимен момент кој стана вистински хит на социјалните мрежи – кога кумот се одлучи за потег кој шокираше многумина.
Имено, цел Балкан полуде кога се појави видео од свадба каде кумот реши да ја шутне свадбената торта на младенците. И додека многу луѓе го плукаа на мрежата, следеше ново видео, како и неговиот одговор во кој објаснува зошто го направил тоа.
Во новото видео од истата прослава, објавено на X профилот на „Generation Mistake“, може да се види како прво младоженецот несмасно се обидува да го отсече првото парче со сабја.
Откако на сите им беше јасно дека нема да биде така лесно да се исече првото парче од колачот, кое во тој момент веќе беше изобличено, кумот, пријател на младоженецот, не издржа и реши да ja „исече“ тортата на свој начин и од масата ја шутна директно на подот.
Невестата и нејзината кума биле видно запрепастени, додека кумот ги кренал рацете во воздух, горд на потегот што веројатно никој досега не го направил. Меѓутоа, откако сфатил дека корисниците на социјалните мрежи не се воодушевени од тоа што го направи, реши да излезе и да го објасни својот потег.
Кумот открил дека тортата веќе била „прилично оштетена“ и дека неговиот удар всушност бил „совршено темпиран на музиката“. Според него, останатите гости не биле шокирани, но во тој момент настанал вистински момент на забава.
da je ovo moje venčanje istukao bih i mladoženju, i kuma i na kraju oterao goste kući, šta udara po ovoj torti kao da cepa drva pic.twitter.com/WhYF9gOd1D
— Greška generacije (@stefidzax) November 17, 2024
Обичај во Далмација?
Оние кои покрај кумот, и младоженецот се противеа на „насилното“ сечење на тортата, набрзо добија информација дека тортата од видеото не е „вистинската“ свадбена торта и дека целата ситуација со сабја и клоцањето наводно претставува обичај во Далмација.
„Амин, луѓе, ова е обичај во Далмација и ова не е торта, туку нешто што е специјално направено за таа прилика, а обичајот налага да се скрши на што повеќе парчиња, бидејќи бројот на парчиња значи број на години среќа во заедничкиот живот Се крши и со сабја и со раце во нозе и како и да се вика, од карамелизиран шеќер, бадеми, лешници… тогаш е лесно ронлива, ова е незаменлив ритуал на далматинските свадби, како Србите што пукаат во јаболко, Грците кршат чинии“, напиша еден корисник на X.