По несреќата што ги снајде, конечно пари ќе им легнат на сметките на земјоделците

Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при работната посета во Ресен.
Како што соопшти МЗШВ, министерот Трипуновски денеска имал состанок со градоначалникот и со советниците, на кој разговарале за ситуацијата која што го погоди овој регион, односно за ниските температури кои што беа изминативе денови.
– Сакам да информирам дека веќе денес на итна седница на Советот на Општина Ресен ќе се донесе одлука за прогласување на природна непогода, ќе се формира комисија за процена на штета и од понеделник ќе се објави Јавниот повик на кој што сите земјоделци треба да пријават ако имаат настанати штети од ниските температури во изминативе денови, појаснил Трипуновски.

Тој ги повикал сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури, а општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени кои што се направени на терен.
– Ние како Министерство, како Влада ќе излеземе во пресрет и ќе ги обесштетиме сите земјоделци кои што претрпеа штета од овие ниски темперетури, нагласил министерот Трипуновски.