По 2.500 денари помош за пензионерите – прв дојден прв услужен

Општина Петровец за првпат годинава ќе доделува еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Финансиска помош по 2500 денари ќе добијат сите пензионери кои примаат старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија и се жители на оваа општина, а чии месечни примања не надминуваат 23.000 денари.
„Имајки ја предвид тешката финансиска ситуација во која се наоѓаат пензионерите кои примаат помали пензии од 23.000 денари, донесена е одлука за еднократна финансиска помош“ ги инфомираа од општина Петровец своите највозрасни жители.
Според огласот еднократна парична помош во висина од 2.500 денари, ќе добијат пензионерите чиј износ не е повисок од 23.000 денари.
Имајки ја предвид тешката финансиска ситуација во која се наоѓаат пензионерите кои зимаат помали пензии од 23.000 денари, донесена е одлука за еднократна финансиска помош. Општина Петровец упатува ЈАВЕН ПОВИК за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари, за примателите на старосна,инвалидска,семејна или социјална пензија,чиј износ не е повисик од 23.000 денари. Барањата се поднесуваат до Архивата на Општина Петровец, најдоцна до 29.08.2025 година,а исплатата на средствата ќе биде реализирана до крајот на 2025 година. За повеќе информации поврзани со овој јавен повик, како и тоа кои документи ви се потребни за да се стекнете со право на користење на паричната помош, можете да се обратите во Општина Петровец или на телефонскиот број 02 2562 -239 , лице за контакт – Марија Здравковска, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.