ПЕКАРИТЕ ПОЧНАА ДА ГО НАПЛАЌААТ ОНА ШТО ДО СЕГА БЕШЕ БЕСПЛАТНО: Купувачите бесни

ПЕКАРИТЕ во Германија секојдневно привлекуваат многу клиенти. Некои од нив поради тешката економска состојба мораат со сите средства да се борат за опстанок на пазарот. Некои пекари делумно ги покачија цените, а други воведоа доплата за сечење леб.
Последниве години, особено за многу пекари не беше лесно. Многумина се мачеа со финансиски проблеми, а некои дури мораа да ги затворат вратите. Некои пекари сега воведуваат доплата за сечење леб, пишуваат германските медиуми.
Зголемените трошоци за енергија ги зголемија цените во сите области – поскапе и храната. Поради зголемените трошоци речиси сите пекари ги покачија цените. Некои пекари сега наплаќаат дополнителен надомест за да го исечат лебот на лице место во пекарата.
Лебот е многу популарен во Германија и едноставно е дел од германската култура. Во пекарите секојдневно се продаваат повеќе видови леб и разни печива. Многу Германци јадат леб со секој оброк.
Секој кој некогаш купил леб од пекара знае дека е можно лебот да се исече на машината токму на лице место. Обично е полесно, бидејќи лебот се сече брзо и директно, па не мора да се замарате со него дома. Сепак, некои пекари сега наплаќаат дополнителна сума за оваа услуга.

Треба да платите за сечење на лебот на лице место
Клиентите кои веќе се соочиле со оваа доплата беа изненадени, бидејќи оваа услуга претходно беше бесплатна.
Пекарите во различни германски сојузни покраини ја воведоа оваа такса.
И да е за некого десет центи, а за други дваесет, некои не мислат дека оваа такса е оправдана, бидејќи претходно не постоела.
Сепак, некои пекари ја оправдуваат оваа одлука со објаснување дека машините и ножевите мора да бидат во добра состојба и дека одржувањето е скапо.
Сепак, тоа не значи дека надоместокот за парче леб ќе се наплаќа насекаде. Некои пекари сè уште ја нудат оваа услуга бесплатно.