Вести

ПЕЈАЧОТ ПРИЗНА ВО КОЈА СОСТОЈБА Е САША ПОПОВИЌ Се збуни, па откри нешто што веројатно не смееше: „Слушнав за болеста…“

Advertisement

Тој откри дали се слушнал со Саша и малку се збуни кога го прашаа за неговото здравје

Здравствената состојба на Саша Поповиќ се уште непозната за пошироката јавност, бидејќи тој се уште не се појавува на снимањето на новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Некогаш првиот човек на Гранд продукција не се огласуваше за тоа, семејството исто така, а наголемо се шпекулира каде е Саша во моментов, додека се останато е мистерија.

Она што е познато е дека на Поповиќ не му е добро, а бројни јавни личности му понудиле помош на неговото семејство во овие тешки моменти, а на оваа тема се осврна и пејачот Слоба Васиќ.

Advertisement

Пејачот неодамна се појави на забавата на Јана Тодоровиќ, а на прашањето дали слушнал нешто поврзано со здравјето на Саша, тој остана збунет.

фото инстаграм

Одамна се немам слушнато со Саша. Извинете, слушнав дека има некоја болест, не знам точно што е тоа и дали е вистина. Слушнав и многу ми е жал ако е така – збунето изјави Слоба.

Директорот на Гранд продукција откри повеќе детали за состојбата на Саша

Директорот на Гранд продукција, Горан Шљивиќ откри нови детали за состојбата на Поповиќ, а изненади со неговата изјава, бидејќи изјави дека без него се оди одлично, а всушност и не им треба, заклучија многумина.

– Се слушаме секој ден. Сe‘ е супер. И нашето функционирање без него е фантастично, бидејќи сме компанија со долгогодишно искуство – изјави Горан за Информер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button