Реклама
Новости

Пејачот ја сместил мајка си во дом, а сиот имот и го подарил на СОПРУГАТА: „Ја сакам најмногу на свет, се што стекнав и оставив на неа“

Реклама

Фолк пејачот Шериф Коњевиќ е во брак со 18 години помлада партнерка

Сето свое богатство и го оставил на сопругата

Фолк пејачот Шериф Коњевиќ е оженет за 18 години помлада жена со која доби син, а целото свое богатство го префрли на својата партнерка.

Маркетинг

Шериф и неговата сопруга живеат во Сараево и имаат син, а својата оаза на мирот ја направиле на Илиџа.

Маркетинг

фото принтскрин

Фолкерот во една прилика откри дека најмногу ја сака својата сопруга и дека сè што има во животот и припишал на неа.

Ја сакам мојата сопруга најмногу на светот. Сè што имам и оставив на неа. Секогаш зборуваме за некои материјални работи, а сето она што го стекнав во животот и го препишав на неа. Таа тоа го заслужи – изјави еднаш Шериф.

Тој верува дека неговата мајка ќе ја има најдобрата нега во дом за стари лица бидејќи е под надзор 24 часа.

Не се навраќа на лошите коментари, особено што мајка си ја сместил во дом.

Кажуваат секакви работи за мене, мислат дека сум ваков, лош, има разни приказни. Велат дека ме познаваат, но јас велам дека не ме познаваат. Затоа што да ме познаваат немаше да зборуваат така. Не би можел да ги пеам песните што ги пеам и да бидам тоа што сум ако бев таков каков што тие ме претставуваат. Не обрнувам внимание на тоа, но, за жал, морам да признаам дека сите лоши коментари за мене се од Босна. Пишуваат дека сум сељак, коњ и мило ми е кога така ме викаат. Тие би сакале барем еден ден да бидат коњ како Шериф Коњевиќ. Не ми пречи, ми пречи што не се грижат за својот живот.

фото принтскрин

Пејачот во договор со своите браќа и сестри, а со согласност на мајка си, донел одлука да ја смести во дом, верувајќи дека таму ќе ја има најдобрата нега во текот на денот и ноќта.

Тешко ми е да зборувам за тоа. Покрај сите жени што и ги обезбедив, на кои добро им платив да ја чуваат, мајка ми за жал денес е во старечки дом. Сите овие жени би останале неколку месеци, некои неколку години, но сите на крајот би заминале поради лични обврски. Во договор со моите браќа и сестри ја сместивме во старечки дом бидејќи сите живееме во странство, но јас сум тој кој се грижи, тој што завршува се што е потребно за неа. Таа е во старечки дом во Кључ. Мајка ми е многу среќна и задоволна што е тука, а јас сум уште посреќен и задоволен што мајка ми има грижа дење и ноќе. А само да ми кажеше дека не е задоволна и среќна, веднаш би ја извадил – вели пејачот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button