Вести

Парите се веќе исплатени, овие пензионери да си ги проверат сметките

Advertisement

Општина Гази Баба продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата фејсбук страница истакна дека повеќе од 2700 пензионери ја добија помошта. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.

Advertisement

Денес, 1140 пензионери од Општина Гази Баба добија финансиска помош од 2500 денари на своите сметки. Оваа поддршка е дел од заложбите на општината да им помогне на нашите највозрасни сограѓани – луѓето кои ја градеа Македонија со години.

Комисијата посветено работеше и ги разгледа сите пристигнати барања. Заклучно со денешната исплата, повеќе од 2700 пензионери веќе ја добија оваа помош од општината.

Се грижиме. Не забораваме на луѓето кои ја градеа нашата татковина. Општина Гази Баба е и ќе остане дом за сите граѓани, без исклучок. Ова не е само административна одлука – ова е порака дека сите се важни и дека секој еден човек е вреден за внимание и грижа.

Advertisement

Како Ваш градоначалник, секогаш ќе бидам пријател и сојузник. Ви стојам на располагање, секогаш подготвен да помогнам. Не сум дојден да владеам, туку да работам – со чесност, одговорност и посветеност кон секој од вас. На дело да покажам поинаков пристап кон работата, одговорност кон граѓаните и должност кон општината.

Продолжуваме со работа – со визија, со срце и со дела.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button