Парите се веќе исплатени, овие пензионери да си ги проверат сметките

Општина Гази Баба продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата фејсбук страница истакна дека 370 пензионери ја добија помошта. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.
Денес 370 нови корисници на ниска пензија добиваат по 2.500 денари.
Општина Гази Баба и денес продолжува со реализирање на мерките за директна финансиска поддршка за пензионерите со ниски месечни примања.
На сметките на 370 пензионери денес ќе биде исплатена еднократна помош во износ од 2.500 денари, како дел од активната политика на Општината за грижа и поддршка на ранливите категории граѓани.
Ова претставува третата група на пензионери која добива ваква поддршка.
Досега се реализирани исплати за уште две групи:
1️⃣ Првата група опфати 510 пензионери
2️⃣ Втората група опфати 568 пензионери
Со денешната исплата, вкупно 1.448 пензионери досега ја добиле оваа финансиска помош. Комисијата формирана од страна на Општина Гази Баба продолжува со работа и активно ги разгледува сите пријави доставени на јавниот повик.
Целта е ниту еден пензионер со ниски примања да не биде изоставен – исплатите ќе продолжат по редослед на одобрените барања.
Оваа иницијатива е дел од стратешките заложби на Општина Гази Баба за социјална правда и еднаква грижа за сите. Нашата мисија како локална самоуправа е да бидеме тука за граѓаните – во секое време, за сите потреби.