Вести

Парите се исплатени, овие граѓани да си ги проверат сметките

Advertisement

Убава вест за скенирачите на фискални сметки, се исплатеше трудот од собирање и скенирање.

Веќе започна исплатата на Мој ДДВ за првото тримесечје од годинава, па на сметките на дел од граѓаните легнаа парите од ДДВ.

Advertisement

Највисоката сума која може да се добие по овој основ, е 2.100 денари.

Се работи за повраток на данок за скенирани сметките во првиот квартал од годинава.

Граѓаните преку овој проект враќаат до 2.100 денари за еден квартал односно до 8.400 за цела година. Па така едно четиричлено семејство може да врати назад над 500 евра годишно.

Advertisement

Исплатата се врши по завршување на обработката на кварталните даночни пријави и се реализира континуирано, односно средствата легнуваат на сметките на граѓаните во текот на мај, откако ќе бидат обработени сите податоци. Доколку имате уредни податоци, средствата ќе ги добиете навреме.

Ако имате проблем со исплатата (на пример, не сте добиле средства од претходни квартали), најверојатно се работи за неажурирана или погрешна трансакциска сметка, па проверете ги повторно податоците во апликацијата МојДДВ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button