ПАДНА ПОТПИС – Платата на овие граѓани се зголемува на 80.000 денари!

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов најави дека пожарникарите од неговата општина од овој месец ќе ја добијат заслужената награда за својата храброст и пожртвуваност.
Како што информира, со новите решенија тие ќе бидат најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари.
Хероите на Струмица нашите пожарникари спасители од септември ќе ја добијат заслужената награда за својата храброст и пожртвуваност. Со новите решенија тие ќе бидат најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари. Тоа е најмалку што можеме да направиме за луѓето кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓ.
Истовремено, потпишани се решенијата и за сите вработени во општинската администрација, кои согласно колективниот договор ќе добијат 20% зголемување на платите. Тоа е порака дека трудот и посветеноста во служба на граѓаните не остануваат незабележани.
Знам дека ниту една бројка не може да ги надомести сите стресови, ризици и одговорности. Но ова е доказ дека Струмица знае да каже благодарам не само со зборови, туку и со дела.
Ова не е само финансиска одлука. Ова е симбол на почит. Симбол на вреднување. Симбол на нова ера во која храброста и чесниот труд стојат на пиедестал.
Од денеска секој пожарникар спасител и секој вработен во општината знае дека нивниот град стои зад нив, со почит, со благодарност и со дела што траат.