БизнисВести

ПАДНА ДОГОВОР – Септемвриската плата на овие граѓани ќе се зголеми на 80.000 денари

Advertisement

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов им ги зголеми платите на пожарникарите и сега тие ќе земаат 80.000 денари.

Веста ја соопшти градоначалникот на социјалната мрежа ФБ. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.

Advertisement

„И официјално храброста доби достоинство!

Тоа е најмалку што можев да направам за нашите пожарникари, луѓето со невидена пожртвуваност и одговорност, чувари на нашите животи и материјални добра, на нашата Струмица.

Со заменик командирот на ТППЕ Струмица Александар Гудев, денеска го потпишавме Меморандумот за соработка и спроведување на систем за вреднување на работна успешност.

Advertisement

Ова значи плата од 80.000 денари плус додатоци која ќе важи од септември, а исплатена во октомври.

Среќен сум, а знам дека и нашите пожарникари се среќни затоа што ќе имаат највисоки плати меѓу своите колеги, со своите семејства ќе имаат достоинствен живот, ќе бидат уште повеќе мотивирани и попрофесионални во професијата со висок ризик по нивните животи.

Ве почитувам од срце и душа, ви се восхитувам на храброста, ја ценам вашата пожртвуваност и ја заслуживте мојата одлука за враќање на вашето достоинство и чест.

Од срце за нашите херои!

Од срце за нашата Струмица!“, напиша Костадинов на ФБ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button