ПАДНА ДОГОВОР – Септемвриската плата на овие граѓани ќе биде зголемена за 20%

Пред малку градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот фејсбук профил објави дека со Синдикатот на УПОЗ постигна договор – септемвриската плата на сите вработени во администрацијата на Општина Струмица ќе биде зголемена за 20%.
Неговит статус ви го пренесуваме во целост.
Со Синдикатот на УПОЗ постигнавме договор – септемвриската плата на сите вработени во администрацијата на Општина Струмица ќе биде зголемена за 20%.
Подготвен е и меморандум со ТППЕ Струмица врз чија основа ќе се изготви протокол и индивидуални решенија со кои секоj пожарникар-спасител ќе добие плата од 80.000 денари плус додатоци.
За мене, зборот е збор.
Работев со овие луѓе кои живот дадоа за Струмица. Мојот влог и мојата заложба кон нив остануваат доживотни.
Тоj што ме познава, знае – Костадинов стои зад тоа што го зборува.
Капа доле за администрацијата на градот.
Поклон до земја за нашите пожарникари-спасители.
Утре го потпишуваме договорот со синдикатот и меморандумот со ТППЕ.
Продолжуваме понатаму – уште посилно!