Неговата колешка од серијата со трогателни зборови се прости од актерот
Познатиот актер и ѕвезда на сапунската опера „Соседи“, Трој Беквит, ненадејно почина на 48-годишна возраст.
Оваа тажна вест ја потврдија неговите колеги, а бројни актери и актерки во меѓувреме преку социјалните мрежи се простија од Трој.
Причината за смртта сè уште не е позната, а Беквит почина на 24 јануари.
Неговата колешка Ким рече дека нема да има погреб, во согласност со неговите последни желби.
-Толку ме боли што морам да го кажам ова. Почина нашиот драг пријател Трој Беквит. Уште еден член од нашето ТВ семејство замина прерано. Благодарам за сите спомени мој пријателе и сета моја љубов кон тебе пријателите и семејството“, објави таа.
Играше во хит серијата од деведесеттите од 1991 до 1998 година. Забележана е и неговата улога во серијата „Pugwall“, бидејќи од 2017 година живеел во Мелбурн, пишува Дејли Мејл.