Реклама
Новости

Овој познат музичар е првиот сопруг на Сузана Јовановиќ: Го направи најодвратното нешто откако таа му роди син ФОТО

Реклама

Пејачката Сузана Јовановиќ пред да се омажи за Саша Поповиќ беше во брак со хармоникашот Раде Здравковиќ.

Од тој брак го има синот Даниел, кој Поповиќ го прифатил и го одгледал како свое дете.

Откако Саша Поповиќ беше испратен во вечното почивалиште, најголемата поддршка на Сузана во овие најтешки моменти од животот беа нивната ќерка Александра и синот Даниел.

Маркетинг
принтскрин

Сузана претходно проговори за првиот брак и причините за разводот, посочувајќи дека најголемата причина била неверството.

“Тоа беше љубов на прв поглед. На осумнаесет години родив син”, изјавила Сузана и открила што ја натерало да стави крај на првиот брак.

Маркетинг

По раѓањето на нејзиниот син дознала дека не е единствената жена во животот на нејзиниот сопруг.

“Се случија работи кои дури подоцна ги дознав, дека не сум била единствената во неговиот живот. Не сакам да бидам некому втора. Се разведовме”, истакнала тогаш Сузана.

принтскрин тв пинк

По разводот, Сузана го напуштила семејниот дом и со синот се преселила кај родителите.

“Детето беше мало, го зедов син ми и го одведов кај моите родители, заедно се грижевме за тоа мало суштество. Со нивна помош се ми беше полесно”, раскажува Сузана, присетувајќи се на тој тежок период.

принтскрин Раде Здравковиќ

Набргу по разводот, Сузана почна да ја гради својата музичка кариера. Клучен момент во нејзиниот професионален живот беше средбата со Миќа Паниќ, која и понуди соработка со неговиот оркестар.

„Дојде Миќа Паниќ и ми понуди соработка со него и неговиот оркестар. Тогаш ми беше полесно, а претходно се грижев дали ќе има работа за мене“, се присети Сузана на своите музички почетоци.

Кога Сузана почнала да живее заедно со Саша Поповиќ, тој го прифатил нејзиниот син Даниел како свое дете, давајќи му љубов и поддршка во текот на неговото воспитување.

„Татко е тој што се грижи за тебе, без разлика дали е биолошки или не. Сале го образувал и воспитал и каде и да има можност истакнува дека Даниел е повеќе од негов син“, рекла тогаш Сузана.

Според неа, Данијел нема желба да зборува за својот биолошки татко и го смета Саша Поповиќ за негов вистински татко.

принтскрин

„Даниел не сака да зборувам за неговиот вистински татко, не заслужува да го спомнам. Даниел порасна со мене и Саша, а неговиот вистински татко е Сале. Сè што научи, научи од него. Работи за нас во „Гранд“, режија, како тонец и одлично се снајде. Срцето ми расте секој ден кога слушам дека луѓето го фалат, изјави таа Сузана за Гранд онлајн.

Саша Поповиќ беше погребан на 6 март на Бежанијските гробишта, каде од него се простија неговото семејство, пријателите, колегите и бројните почитувачи на неговото дело.

Еден од најемотивните моменти за време на збогувањето беше изборот на песната што беше пуштена на погребот. Поповиќ беше испратен со песната „Свирци моји“ од Звонко Богдан, која одекнуваше низ гробиштата додека присутните во солзи го гледаа музичкиот визионер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button