Бизнис

Овие земјоделци навреме ги заштитија расадите од ниските температури – годинава очекуваат рекорден откуп

Advertisement

Незначителни и мали се штетите на леите со тутунов расад. Тутунарите кои со расадопроизводството ја почнаа новата производствена година, навреме ги заштитија од ниските температури леите со посеаниот тутунов расад, велат од Сојузот на земјоделските здруженија кои ја следат ситуацијата на теренот.

-Мали се оштетувањата на тутуновиот расад поради ниските температури. Тоа е поради фактот што нашите тутунопроизводители се добро едуцирани и добро си ги заштитија расадите. Нешто поголеми оштетувања има во реонот на Конче поради надморската височина, но се смета за незначително и нема да влијае врз очекувањата и зголеменото производство на тутун, вели Кире Ристески од Сојузот на земјоделски здруженија.

Advertisement

Нагласи дека за 8 до 10 проценти е зголемен интересот за тутунопроизводство.

Тутунарите ги склучија договорите со откупувачите кои понудија зголемени цени, но секој различни. Тие наскоро ги очекуваат и субвенциите за ланската реколта.

-Според неофицијалните податоци, во моментов се склучени околу 30.000 договори со откупувачите за очекуван принос од 27.000 тони тутун. Тутунот ќе се засади на површина од околу 14.000 хектари. Зголемувањето е околу 8 до 10 проценти. Интересот е поголем поради добрите цени моментално. И ланската реколта се откупи по просечна цена од речиси 400 денари, па со субвенциите кои ги очекуваме за брзо време килограм тутун е 500 денари, објасни Ристески.

Advertisement

Тутунопроизводството, додаде, е со иднина. Оваа култура носи девизен прилив, а македонскиот ароматичен тутун се бара на светските пазари.

-По Турција, Македонија е втора по производство на ароматичен тутун. Светските побарувања се 120 милиони тони, а има производство од 100 милиона тони ароматичен тутун, посочи Ристески.

На покана, Сојузот на земјоделските здруженија учествуваше на конференцијата на Европската асоцијација УНИТАБ која ги застапува интересите на европските тутунопроизводители. Очекува во октомври на состанокот во Неапол, Италија да стане членка на европската асоцијација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button