Oвие пензионери ќе добијат плус 2.500 денари на своите сметки – еве што треба да направат!

Општина Гази Баба продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.
Тој на својата фејсбук страница ги повика пензионерите да се пријават на јавниот повик за доделување на финанскиска поддршка.
2500 ДЕНАРИ – ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ СО НИСКИ ПЕНЗИИ.
Ги информирам пензионерите жители на Општина Гази Баба дека е објавен Јавен повик за доделување на финансиска поддршка на пензионери со ниски пензии, во насока на подобрување на нивната социјална и економска сигурност.
Услови за учество на јавниот повик:
Апликантот да биде жител на Општина Гази Баба;
Да биде примател на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија (право на социјална сигурност);
Висината на пензијата да не надминува 23.000 денари месечно.
Потребна документација:
Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик;
Фотокопија од лична карта;
Фотокопија од трансакциска сметка;
Чек од банка за последна примена пензија;
За корисници на социјална пензија: Потврда или Решение издадено од надлежниот Центар за социјални работи (ЦСР Гази Баба).
Рок за поднесување на барања:
Од 06.05.2025 до 20.05.2025 година, или до исцрпување на предвидените средства, по принципот „прв дојден – прв услужен“.
За оваа намена, Општина Гази Баба има обезбедено вкупен буџет од 7.695.000,00 денари.
Пензионерите се темелот врз кој е изградена нашата сегашност – со нивната работа, мудрост и пожртвуваност, наша обврска е да се грижиме за нив!