Реклама
Вести

Oвие пензионери ќе добијат плус 2.500 денари на своите сметки – еве што треба да направат!

Реклама

Трета година по ред општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна парична помош за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Јавниот повик е објавен денеска и важи до 29.11.2024 година.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.

Маркетинг

фото пекселс илустрација

„Ги повикувам сите пензионери кои ги исполнуваат условите да го искористат ова право и да си го олеснат секојдневието, особено во период кога се предвидуваат поголеми семејни трошоци поради претстојните празници. Сметаме дека секоја поддршка е значајна и може да придонесе за подобрување на животниот стандард на нашите повозрасни сограѓани,“ порача Герасимовски

Маркетинг

Оваа финансиска поддршка Општина Центар ја доделува на граѓани кои се со постојано живеалиште на територија на Општина Центар и кои се приматели на старосна, семејна, инвалидска, социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) чиј износ не е повисок од 23.758,00 денари (согласно податоците од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија исплатена пензија во месец септември 2024 година).

Заинтересираните граѓани треба да достават барање за доделување финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, за корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија – доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата – за примена пензија во последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2024 година), а за корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР-Центар).

фото пекселс илустрација

Барањето е достапно во Архива на Општина Центар-Скопје, барака 6 и на веб страната на општината. Потребната документација може да се достави секој работен ден од 09.00 до 14.00 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка.

фото пекселс илустрација

На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар ќе им изготви Решение за доделување на финансиска поддршка. Исплатата ќе се изврши директно на трансакциските сметки на барателите и ќе биде реализирана до крајот на тековната година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button