Oвие пензионери ќе добијат плус 2.000 денари на своите сметки – еве што треба да направат!

Општина Бутел продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.000,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.
Advertisement
Тој на својата фејсбук страница ги повика пензионерите да се пријават на јавниот повик за доделување на финанскиска поддршка.
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОПШТИНА БУТЕЛ
Објавуваме Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија.
Јавниот повик е отворен од 19.06.2025 до 03.07.2025 година.
Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.
Право на финансиска поддршка ќе остварат:
Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел
Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 18.192 денари.
Исплатата ќе биде на принцип “прв дојден – прв услужен”.
Продолжуваме со грижата за нашите најстари граѓани!