ОВИЕ ХИТОВИ ГИ НАПИША САША ПОПОВИЌ – многу пејачи станаа големи ѕвезди поради овие текстови

Неговиот талент за создавање хитови остави неизбришлива трага во српската музика
Основачот на продукцијата „Гранд“ и креативен директор Саша Поповиќ ја загуби битката со долгата и тешка болест, а од него вечерва покрај семејството и пријателите се збогува и целaта српска естрада.
Поповиќ не само што беше основач на една од најуспешните продукции, туку и клучна фигура во создавањето на нов правец во музиката со бендот Слатки грех и Лепа Брена. Неговиот талент за создавање хитови остави неизбришлива трага во српската музика.
Meѓу бројните хитови што ги создаде, Поповиќ е автор на песни кои ги одбележаа кариерите на многу пејачки „Бројаница“ од Ана Бекута, „Учинило време свое“ на Злата Петровиќ, „Еј Шеки, Шеки“ и „Нежна жена“ од Лепа Брена, се само некои од нив. Создавал и песни за својот репертоар како „Медени колачи“ и „Гиљам даде“.
Саша Поповиќ, покрај се останато, беше автор и на новогодишни песни кои станаа традиционален дел од новогодишната прослава на телевизија, каде што ја емитува својата програма.

Саша Поповиќ ќе остане запаметен како еден од столбовите на српската музичка индустрија, чие дело ќе живее преку песни кои многумина ги сакаа и потпевнуваа.
Неговото заминување го означува крајот на една ера, но неговото наследство ќе продолжи да ги инспирира и забавува идните генерации.