ФБ статус на Комерцијална банка:
Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за декември од понеделник, 30.12.2024 година.
Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник, 30.12.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.12.2024 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката.
Исто така и Шпаркасе банка ќе започне со исплата на пензиите за декември од понеделник, 30.12.2024 година
Ве известуваме дека пензиите за месец декември 2024 година ќе се исплаќаат на 30.12.2024 год. (понеделник), за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка.
Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат.
Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, исто така од 30.12.2024 ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката, без разлика на висината на пензијата.
За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banka.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје