Бизнис

Oвие граѓани до крајот на годината на своите сметки ќе добијат по 48.000 денари

Advertisement

Најголемиот дистрибутер на горива го исплати регресот за годишен одмор. Вработените во  Макпетрол, за користење на годишниот одбор добија по 48 илјади денари.

Во соопштение доставено до Македонската берза од компанијата инфоримираат декa имајќи ја предвид посветеноста и залагањето на вработените во извршувањето на работните обврски, а по повод летните одмори, „Макпетрол“ АД Скопје на своите вработени им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 48.000 денари по вработен.

Advertisement

„Грижата за вработените е значајна за долгорочниот успех на Друштвото и претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ АД Скопје“, велат од компанијата.

минатата година оваа компанија ја заврши со добивка од 17,2 милиони евра. Во нејзината распределба награди имаше за акционерите, но и за вработените. Оваа година, пак, по одработеното прво тримесечје, стартуваа со добивка од над два милиони евра.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button