Бизнис

Oвие граѓани да си ги проверат сметките – претпразнично им се исплатени парите

Advertisement

Фејсбук статус на Силк Роуд Банка:

Драги наши пензионери,

Advertisement

Вашите пензии за месец април ќе бидат исплатени утре (30.04.2025) и достапни за подигнување во сите наши експозитури, на банкомати, преку електронско и мобилно банкарство, или пак да ги користите за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Силк Роуд Банка, со тебе, во секое време.

Advertisement

Уште три банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите. Нивните фејсбук статуси ви ги пренесуваме во целост.

Фејсбук статус на НЛБ Банка

📢ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПЛАТЕНА ПЕНЗИЈА ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ

Почитувани пензионери,

Ве известуваме дека вашите пензии се исплатени и вашите средства можете да ги користите уште веднаш.

Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Пензијата можете да ја подигнете и во експозитурите на нашата Банка.

Со почит, Ваша НЛБ Банка

ФБ статус на ХАЛК БАНКА:

Драги пензионери,

Пензиите се исплатени! Од денес 29.04.2025, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите и преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Со почит, Халкбанк АД Скопје

И Комерцијална Банка одлучи предпразнично да ги исплати пензиите.

Фото: Гламур

ФБ статус на Комерцијална банка:

Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за април од среда, 30.04.2025 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од 30.04.2025 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. ✅

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button