На две млади момчиња кои синоќа беа уапсени под сомнение дека го извршиле тешкото убиство на Емир Цура од селото Рашковиќи-Иловача кај Горажде, ќе им биде одредена мерка притвор.
– Вклучени се две лица, едното го извршило делото, другото му помогнало, односно бил со него, мотивот најверојатно биле пари. Кривичната истрага за еден од нив се уште е во тек. Она што во овој момент можеме да го кажеме е дека Рамовиќ е извршител, а другиот соучесник. Обвинителството ќе предложи притвор и за двајцата поради тешко кривично дело, убиство од личен интерес – соопштија од Обвинителството.
Покрај осомничените Недим Рамовиќ и Алдин Лигат, полицијата синоќа уапсила уште едно лице, при што биле пронајдени траги и средства за извршување на делото. Како што дознава Klix.ba, третото уапсено лице е таткото на Недим Рамовиќ, под сомнение дека е соучесник. Обвинителот Билајац, сепак, истакна дека при обработката било утврдено дека не знаел за убиството.
Мотивот за убиството е личен интерес, а според информациите до кои дошле инспекторите се работи за вкупно 800 КМ (околу 400 евра), пренесува Српскаинфо.
Убиството било извршено со ловечка пушка која била пронајдена при подоцнежните претреси.
Под надзор на Обвинителството на БПК, истрагата ја водат истражители на БПК МУП со помош на колеги од МУП на КС, ФУП форензичари, а во истрагата асистираше и ОБА.
Да потсетиме, телото на Емир Цура (52) беше пронајдено на 5 ноември во семејната куќа во Рашковиќи, недалеку од Горажде, Босна и Херцеговина.
Емир Куро главно се занимавал со сточарство, а наводно добро заработувал.